За Нас

Услуги

Дневен престој

Живееме во време кога децата имаат се помалку време и простор за движење. Наша цел е да ги поттикнеме на движење. Децата кои доаѓаат кај нас не се познаваат, тие се движат на неутрален терен каде што имаат потреба од меѓусебно запознавање, анимирање и дружење. Единствено во Дримленд ќе најдете безбеден дневен престој за вашето дете со играчкиспоред сите безбедносни норми поделени на зони за активности. Искористете ја можностада го изберете вистинското место за дневен престој за вашето дете.

Услугата Дневен престој се наплаќа по час.

Роденденски забави

Нашите Дримленд игротеки се вистинско место за незаборавна роденденска забава за вашите деца.Под диригентската палка на нашите професионални аниматори , децата одлично ќе се забавуваат, ќе играат на диско ефектите со весела музика, ќе се заблажат со вкусно парче торта и на крај ќе си отидат дома со подарок од игротеката, весели и со убави спомени.

НОВО!!! Нарачката на роденденска торта никогаш не била полесна!

Отсега по секоја извршена резервација на роденден во една од нашите 5 Дримленд Игротеки на Вашиот мобилен уред добивате линк со избор од над 400 торти по СУПЕР ЦЕНА!  https://goo.gl/XVooic.   Изберете и очекувајте испорака на тортата во избраната Дримленд игротека на денот на роденденот. Заштедете време и оставете нашиот тим да се погрижи за еден од најважните елементи на детскиот роденден!

 

МЕДИУМ роденденски пакет

  2 часа незаборавна забава, Комплет прибор, Анимација на забавата, Фотографирање на забавата, Грицки за децата, Персонализирани електронски покани превземени од Дримленд мобилната апликација.

 

МАКСИ роденденски пакет

  2 часа незаборавна забава, Комплет прибор, Анимација на забавата, Маскота, Фотографирање на забавата, Грицки за децата, Покани, Видео снимка, Детска шминка, Детска лотарија со подароци за сите деца, Персонализирани електронски покани превземени од Дримленд мобилната апликација.

 

ОГИ роденденски пакет

  2 часа незаборавна забава, Комплет прибор, Анимација на забавата, Маскота, Фотографирање на забавата, Грицки за децата, Покани, Видео снимка, Детска шминка, Детска лотарија со подароци за сите деца, Персонализирани електронски покани превземени од Дримленд мобилната апликација, 30 минути анимација со маскота Свеќичката Оги и роденденско пакетче од свеќичката Оги ( боенка, брендирана чаша, фломастери и играчка).

Пакетите се од информативен карактер. Може да се разликуваат во различни игротеки пооделно и може да подлежат на промени (попусти, промоции...)
Нашите роденденски забави траат 2 часа, освен по договор ако постојат услови да се продолжи престојот.
Роденденската забава се смета за резервирана кога се остава капар . А во случај да се откаже резрвацијата Дримленд Јаковлески доо го задржува правото на износот на капарот според членот 71 од Законот за облигационите односи. Капар може да се врати само во случај по откажувањето на резервацијата истиот термин да се пополни со друга резервација .

Работилници

За малите креативци , во Дримленд игротеките а посебно во Дримленд Рамстор се одржуваат креативни и спортски работилници во посебно уреден простор. На работилниците цртаме , боиме, читаме, изработуваме разни украси и корисни предмети, играме друштвени игри, се натпреваруваме и секогаш одлично се забавуваме.

session_popup1Array ( [session_popup] => 1 )