Дримленд Аеродром 2

кафе игротека за големи и мали сонувачи

Дримленд Аеродром 2 се наоѓа во Стар Аеродром во модерна висококатница на Голден Арт позади Рамстор. Сместена е во луксузно опремен деловен простор на површина од 200 м2. Функционира како кафе-игротека каде во пријатен амбиент може да ја испиете вашата дневна доза кафе. Вкупен капацитет на кафе игротеката внатре и надвор е 80 возрасни и над 40 деца. При организирање на роденденски забави просторот во игротеката го користат исклучиво гостите од роденденската забава. Кафе игротеката нуди дневен престој за деца . Заради општа безбедност игротеката е под видео надзор и приватно обезбедување .

Информации и резервации се вршат на тел.078 24 77 41.