Голем придонес на играта е и тоа што детето го зајакнува физичкото здравје, се чуствува задоволно, прифатено и подготвено за предизвици. Различните истражувања покажуваат дека во условите на современиот живот, децата во текот на денот имаат се помалку физички активности, така што недостатокот на можноста за слободна игра и движење може да биде причина за потешкотии кај децата, како што се дебелина, како и деформитети на `рбетниот столб.
Можеби малку е познат податокот дека недоволната развиеност на акомодацијата на окото, како последици на гледање телевизија и седење пред компјутер доведува до пореметување на вниманието, концентрацијата и потешкотии во учењето.
Истражуваата покажуваат дека над 90 отсто од учениците кои ги имале овие потешкотии имале и послаба акомодација на левото око. Оваа функција најдобро се развива на најрана возраст и тоа со брзо движење на окото, следење предмети, трчање и прескокнување предмети. Затоа е важно за време на физичката активност родителите да не го штитат детето однапред. Овде пред се се мисли на ситуации кога детето сака да ризикува, а истите не претставуваат опасност за детето.
Возрасните кои се подготвени да дозволат детето да ги прифаќа предизвиците и да испробува различни идеи – заедно со детето ја испитуваат можноста и не брзаат однапред да го заштитат. Со тоа придонесуваат детето да ја развива самостојноста, подготвеноста на ризик, способноста само да донесува одлуки. Видео записите од следењето на однесувањето на децата во градинките покажуваат дека тие имаат чуство за граница во ризични ситуации и дека можат самостојно да донесат одлука. Децата ќе градат доверба во сопствените физички способности само доколку возрасните им овозможуваат да се стекнат со искуства во одредени ситуации, водејќи секако грижа за нивната безбедност, за децата да се чуствуваат подржано од страна на возрасните.