СВЕЌИЧКАТА ОГИ: Играме криенка и учиме да броиме!

Гледајте ја втората епизода од авантурите на роденденската свеќичка Оги и неговите другарчиња! Овој пат, Оги и нилското коњче Лила Виолетова учат да бројат, играјќи криенка низ Дримленд.

"Свеќичката Оги" е нова македонска серија за деца, во продукција на компанијата Дримленд, сопственик на познатиот ланец игротеки во Скопје. Преку другарувањето со Свеќичката Оги, Тортичка, нилското коњче Лила и бувот Бубу, децата се забавуваат и го запознаваат светот преку игра, смеа и песна.

Епизодите од “Свеќичката Оги” се достапни на YouTube, на Фејсбук, како и преку Дримленд мобилната апликација.

"Нашата цел е да обезбедиме повеќе интернет содржини за деца на македонски јазик. Денес децата гледаат YouTube видеа секојдневно и тие често се на англиски, српски, хрватски, па и на други јазици. Како семејна компанија чија дејност е поврзана со растењето и развојот на децатa, решивме да направиме серија на нивниот мајчин јазик, која ќе им нуди забава, водејќи грижа тоа да биде и корисно за нив", изјави сопственикот на Дримленд Игротеки, Александар Јаковлески.

"Свеќичката Оги" е комбинација од играна акција и анимација, така што во неа сѐ е цртан филм освен главниот лик кој е всушност и новата маскота на Дримленд и со кого децата ќе можат да се дружат во живо, во самите игротеки. Втората епизода од "Свеќичката Оги" може да ја гледате на линкот во оваа објава, а нова епизода очекувајте секоја среда.

 

YouTube каналhttp://bit.ly/СвеќичкатаОгиYouTube
Facebook
странаhttp://bit.ly/DreamlandFBPage
Дримленд мобилна апликација: http://bit.ly/МобилнаАпликација
Веб страница: 
http://bit.ly/ИгротекиДримленд
#СвеќичкатаОги #ДримлендИгротеки #ЗаПосреќноДетство #игротека #роденден

session_popup1Array ( [session_popup] => 1 )