Детска игра

Во игрите со движење спаѓаат топката, ползењето по земја, различни борбени игри. Игрите кои содржат препреки се особено интересни за децата во овој период. Исто така децата сакаат да ги користат соодветните реквизити во различни игри. Многу важна улога имаат натпреварувањата со заеднички правила каде се води сметка кој бил победник.

По осмата година важно место заземаат продуктивните игри каде главно се тежнее детето нешто да направи, да состави…Улогата на играта е важна и на оваа возраст. Детето точно ги имитира возрасните, покритично е кон своите улоги, така што тие стануваат пореални. Ако детето се почуствува осамено, ако никој не го разбира, може да се врзе со неколку животни и домашни миленичиња. Девојчињата и момчињата во овој период можат да бидат колекционери на салфетки, сликички… Играчките кои се препорачуваат за овој период се топки, музички инструменти, апарати, компјутер…

Активноста за игра со годините опаѓа.

Дете од единаесет – дванаесет години игра помалку отколку дете во поран период бидејќи ги ограничува играчките само на оние кои најмногу ги сака. Во овој период заживуваат спортските игри. Тие го јакнат карактерот за играње, што зависи и од детската социјалност. Сакаат да се надигруваат во парови и групи, со што способнота за соработка со другите расте. Борбените игри како „војска“, „индијанци-каубојци“ итн. се исклучително привлечни за децата на оваа возраст.

session_popup1Array ( [session_popup] => 1 )